„Инстаграм“ доби нов менаџер

Од:

Само неколку дена откако творците на Инстграм ја напуштија компанијата, нејзиниот сопственик „Фејсбук“ за нов менеџер го постави Адам Мосери.

Новиот менеџер на „Инстаграм“ повеќе од десет години работи во „Фејсбук“, како еден од соработниците на Марк Закерберг.

Веста ја повцдија и твроците на Инстаграм, Кевин Систром и Марк Кригер, кои оценија дека Мосери е најдобар избор, бидејќи има големо искуство и професионални квалитетии добро ги познава вредностите на сеоцијалната мрежа.

Систром и Кригер изразуваат надеж дека во иднина Инстгарам ќе продолжи да ја проширува корисничката база и ќе станува се популарна во целиот свет.

Мосери се придружи на „Фејсбук“ во 2008 година. Тој извршуваше неколку различни должности во компанијата, пред во мај годинава да биде именуван за заменик-претседател на одделот за менаџмент  „Фејсбук“.

Изборот на Мосери не е изненадувачки, бидејќи голем број аналитичари веќе го оценија како вистинска личност за раководење со „Инстаграм“.

Следниот чекор за „Фејсбук“ е значително да се зголемат приходите заработени од апликацијата и да се обебзедат над една милијарда активни корисници на глобално ниво.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски