Индијците ќе преминуваат улица на пешачки како „Битлси“

Од:

Полицијата во индискиот град Калкута ја користи фотографијата од обвивката на култниот албум „Еби роуд“ (Abbey Road) на групата „Битлси“ во својата кампања за поголемо почитување на сообраќајните правила.

На сликата членовите на британскиот бенд преминуваат еден зад друг на пешачки премин во улицата „Еби“, во северниот дел на Лондон.

Сообраќајната полиција на Калкута во рамки на својата кампања, чиј слоган е „Ако можат тие, зошто не би можеле и вие?“, поставила 40 билборди со познатата фотографија на „Битлси“ со цел да влијае на населението да ги користи пешачките премини.

– Сакавме нешто што ќе им го привлече вниманието на луѓето и дојдовме на идеја да ги искористиме „Битлси“ и нивната популарност. Се обидуваме да кажеме дека ако Џон, Пол, Џорџ и Ринго можат да користат пешачки премин, тогаш тоа го можат и сите останати, изјави претставник на сообраќајната полиција во Калкута.

Фотографијата на легенрадните музичари на пешачки премин ја сними Иан Мекмилан за нивниот албум во 1969 година.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати