Џорди Гелер влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем колекционер на обувки во светот. Во рок од 14 години собирање, тој успеал да собере 2.504 пара патики.
Неговата колекција е толку голема, што има простор за изложување во Лас Вегас, каде живее.
– Љубовта кон патиките ја наследив од татко ми. Трчаше на маратон кога бев мал, ме носеше во спортски продавници. Отсекогаш ги сакав „Најки“ – вели Гелер.
Омилен пар му се „Најк Ер Макс 97“, кои се првите патики кои се појавиле со воздушен ѓон.