Најновата конзола на Мајкрософт, „Икс-Бокс Уан Икс“, покрај бројните графички надградби, како предност го има тоа што ги вчитува игрите побрзо од неговите претходници.
На интернет се појавија и видеа каде е прикажана видео играта „ГТА 5“ и „Асасин’с Крид: Ориџинс“.
„ГТА 5“ конзолата ја вчитува за само 24 секунди, додека кај „Икс-Бокс Уан С“ тоа трае минута и седум секунди. Сличен е случајот и со „Асасин’с Крид“.
„Икс-Бокс Уан Икс“ излезе на пазарот влера и чини 500 долари.