Овогодишното 24-то, вонредно пандемиско издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ пристигнува в недела, 28 март, на Канал 5, соопштија организаторите.
Под мотото „И ова ќе го преживееме“, манифестацијата прави пресек на изминатата 2020 година, обединувајки ги најпопуларните музичари и уметници од
земјава и од регионот околу идејата – големата заедничка 3-часовна забава, замислена како прослава на радоста на живеењето, да им се посвети на здравствените работници и на севкупниот медицински персонал, кои се вистинските херои на новото време.
На манифестацијата ќе бидат доделени награди во повеќе традиционални категории, а годината, таква како што беше, наложи и неколку нови категории – како, на пример, најоптимистички хит на годината, пандемиски хит и други.
„Бидете одговорни, останете дома и гледајте Златна Бубамара во недела, 28 март, на Канал 5,“ порачуваат од радиото „Бубамара“, кое традиционално ја организира манифестацијата.