Баркус Бојкин, тату уметник сам себе се нарекува Суштеството. Тој е свесен за својот бизарен изглед, а вели дека и неговата пет годишна ќерка се плаши од него.
Тој го претвори своето тело во сликарско платно, а сите тетоважи и пирсинзи ги направил сам. Секој ден додава нова тетоважа, а тој порив го опишува како своја мисија.
Кога не го чувствувам убодот на иглата, како да ја губам смислата на животот – вели Бојкин.