Хурем султан во долгови до гуша

Од:

Актерката Меријем Узерли, позната по улогата на Хурем Султан, паднала во долгови од три неитплатени кредити, од кои два во Германија и еден во Турција – пишува турскиот весник Хуријет.

„Меријем на својата сестра, која со децата живее во Франкфурт, и купила огромна куќа на периферија на градот, но за неа поради недостаток на финансиски средства подигнала кредит. Истото го направила и кога ги купувала нејзините два автомобила марка „ауди“ истовремено. Бидејќи се надевала на неколку договори за рекламни кампањи и верувала дека со тие пари ќе ги покрие кредитите, но сето тоа се изјаловило. Проблематичен е и нејзиниот имот во Анкара, кој истотака е под хипотека и Меријем би можела да остане без него“, им раскажала нејзина блиска роднина на медиумите.

Ниту продукциската куќа која ја релизира серијата „Величествениот“ не сакала на актерката да и даде заем, дури и кога таа се заканувала дека ќе се повлече од проектот.

Би можело да ве интересира

Прва фотографија од ќерката на Хурем

Ана Ололовска

Хурем роди ќерка

Емир Латифовиќ

Хурем доби 547.000 евра за рекламирање пелени

Емир Латифовиќ

ФОТО: Хурем го покажа трудничкиот стомак

Емир Латифовиќ

Хурем во четврти месец на бременост

Емир Латифовиќ

Хурем избегала од брадата на Сулејман?

Емир Латифовиќ