Членовите на црквата “Sun Mjung Mun” организираа свадбена церемонија во Јужна Кореја, каде што истовремено 3500 двојки стапија во брак.
Во центарот Чеонгшим во Гапјуенг, 37 милји североисточно од Сеул, членовите на црквата направија специјална церемонија која ја водеше Хак Ja-ха, вдовицата на основачот на “Sun Mjung Mun”.
По пат на видео линк “се венчаа” уште 24.000 членови на оваа црква.
Мун ја основал црквата во 1954 година, а во 1992 година се прогласи себеси и неговата сопруга за Месии. Тој досега двапати организирал масовна свадба и тоа двапати во Вашингтон. Неговиот син Хјунг Јин сега го презеде водењето на црквата.
Иако од црквата велат дека имаат преку три милиони следбеници, бројките укажуваат дека нема повеќе од 100.000. Многумина веруваат дека оваа црква е една од поопасните секти.