Храна која го поправа расположението и не прави среќни

Од:

Докажано е дека храната може да влијае на расположението и дека постојат намирници кои го зголемуваат ризикот од појава на стрес и нагли промени на расположението. Со воведување на мали промени во прехранбените навики можете многу да направите за своето психофизичко здравје.

Докажано е дека некои намирници можат да ви помогнат во тоа.

Блитва
Содржи висок удел на фолна киселина. Блитвата како и другиот зелен лиснат зеленчук, е одлична за подобрување и превенција на нагли промени во расположението. Научниците откриле дека постои поврзаност меѓу ниското ниво на фолната киселина во телото и појавата на депресија, пишува Центарот за здравје.

Темно чоколадо
Ако ви треба уште една причина поради која треба да почнете да конзумирате темно чоколадо, треба да знаете дека многу истражувања покажале дека темното чоколадо кое содржи најмалку 60 отсто какао, може да го намали нивото на стрес и да го зголеми чувството на задоволство.

Јајца
Јајцата содржат есенцијални масни киселини кои се неопходни за правилно производство и ослободување на серотонин. Ниското ниво на серотонин е тесно поврзано со депресија, нервоза, несоница и хроничен замор.

Бадеми
Вадемите содржат низа хранливи материи, вклучувајќи ја фолната киселина и магнезиум. Магнезиумот е неопходен за соодветно функционирање на мозокот, а истражувањата покажале дека може да помогне во превенција на намалување на симптоми на депресија.

Леќа
Леќата е одличен извор на фолна киселина која е неопходна за правилно функционирање на мозокот и превенција на многу психички и ментални состојби. Леќата содржи околу 90 отсто препорачани дневни дози на фолна киселина, а одличен извор е и аминокиселините кои се важни за правилно производство на норепинефрин и допамин.

Семки од тиква
Недостиг на цинк може да предизвика лошо расположение и да го зголеми ризикот од појава на депресија. Семките од тиква се одличен извор на цинк и за нив е докажано дека го подобруваат расположението и го намалуваат ризикот од појава на депресија.

Зобена каша
Зобената каша е одлична за подобрување на целото ментално здравје. Благодарение на многу хранливи материи кои ги содржи, вклучувајќи го и нивото на магнезиум. Зобената каша исто така е одличен извор на влакна кои помагаат да се стабилизира нивото на шеќерот во крвта и на тој начин помагаат во превенција на нагли промени на расположението.

Омега 3 масни киселини
Недостигот на омега 3 масни киселини може да биде многу лош за менталната состојба. Истражувањата покажале дека омега 3 масните киселини се ефективни во борба против депресијата. Некои од најдобрите извори на омега 3 масни киселини се ленено масло, маслиново масло, ораси и масна риба.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава