Името на оваа ѕвезда се уште не е соопштено, а се напомнува дека станува збор за голем заводник кој е познат по расфрлање со пари и голем број на партнерки.
Како што наведува магазинот „Сан“ на долгата листа на неговите поранешни девојки се наоѓаат манекенки, добитнички на Оскар, ТВ ѕвезди…
Исто така се шпекулира дека актерот пред неколку години дознал дека е ХИВ позитивен, но дека таа информација ја чувал во тајност дури и од најблиските пријатели и роднини.
Меѓутоа, како што шпекулираат американските таблоиди, наскоро во јавноста ќе протече името на оваа холивудска ѕвезда со оглед дека неговиот адвокат стравува дека наскоро ќе следат серија тужби од неговите поранешни партнерки, кои тој свесно ги изложил на ризик од опасност од оваа тешка болест, за која секако не ги известил.
За сега целата приказна е завиена со превез на тајна, а изворот близок до спомената ѕвезда вели дека актерот веќе подолго време е во параноја дека сите ќе го паметат по тоа што е ХИВ позитивен, а не дека е одличен актер. Токму поради тоа актерот потрошил големо богатство да ја држи оваа информација во тајност.