Центарот за иновации „Јавна соба“ преку организирани кулинарски презентации, вечер под водство на Холанѓанецот Пол Хотхаузен овозможува првпат во Македонија да се дегустираат специјалитети од Холандија, земја во која се јаде здрава храна базирана на зеленчуци, риба и месо.
Рапидниот развој на ХОРЕКА секторот од 80-тите година на минатиот век па наваму придонесува Холандија да стане гастрономска сила која пласира плејада познати готвачи, дел од нив и ТВ-ѕвезди, огромен број на „Michelin“ ресторани и амбасадори на добра храна. Холандија е четврта по ред земја извозник на храна во светот.
„Јавна соба“ со оваа тематска вечер го заокружува циклусот на вечери за 2016 година. Проектот „Вкусот на Скопје“ продолжува во јануари следната година за кога се најавени познати готвачи од од Италија, Хрватска и од Велика Британија кои ќе одржат серија работилници за пошироката јавност.