Хоакин Феникс ќе се врати на големото платно како Џокер во продолжението од 2024 година

Од:

Филмското продолжение на психолошкиот трилер оскаровец „Џокер“, базиран на еден од најпознатите негативци од стриповите, ќе се појави во кината на 4 октомври 2024 година, изјави во средата портпаролот на филмскиот дистрибутер „Ворнер Брос“.

Во Jокеr Folie a Deux ќе глуми Хоакин Феникс, кој ќе ја повтори својата улога на насловниот лик – извонредна изведба што му донесе „Оскар“ за најдобар актер во оригиналниот филм од 2019 година, изјави портпаролот на студиото.

Филмот од 2019 година – приказна за потеклото на големиот непријател на суперхеројот Бетмен – доби 11 номинации за „Оскар“ вклучувајќи ја и таа во категоријата Најдобар филм, но победи за најдобра оригинална музика и за најдобар главен актер.

Би можело да ве интересира

Филмскиот хит на годината урива рекорди, но има и исплашени луѓе кои бегаат од кината

А1он