Семафорите по правило не се извор на забава, но засега „непознат сторител“ во хрватскиот град Ријека решил да го промени тоа.
Имено, како што објави порталот Индекс, во центарот на Ријека осамна „модификуван“ семафор, кој предизвика смеа кај минувачите.
Причина за тоа е што некој преку светлата на семафорот залепил налепници со слика на проститутка на црвеното, на пиво на жолтото и на лист од марихуана на зеленото поле.
Семафорот за кусо време стана хит на социјалните мрежи, но ваквата забава беше со краток рок, бидејќи „непристојните“ налепници набрзо биле отстранети и семафорот е „норамлизиран“.