Хаос во авионот: Бритни Спирс пушела и пиела за време на летот, ја пречекала полиција

Од:

Поп-ѕвездата Бритни Спирс (43) се огласи на Инстаграм откако американските медиуми објавија дека добила официјално предупредување за несоодветно однесување на приватен лет од Кабо Сан Лукас, Мексико, до Лос Анџелес во четвртокот.

Според „People“ и „TMZ“, пејачката консумирала алкохол и запалила цигара за време на летот, што предизвикало загриженост кај членовите на екипажот. Стјуардесите ја предупредиле да ја изгаси цигарата – што таа го направила – но за време на летот биле контактирани властите, кои ја чекале по слетувањето во Лос Анџелес.

Потоа пејачката добила официјално предупредување, по што била ослободена без понатамошни последици.

„Признавам, пиев вотка за прв пат во мојот живот!!! Се колнам, се чувствував толку паметно!! Си реков: „Леле, што е ова?!“ Се чувствував бистра и паметна! И реков: „Ми е доста од пушење!!!“ Мојот пријател ми стави цигара во уста и ја запали, а јас си помислив: „Ах, ова е авионот каде што можеш да пушиш!“

Потоа Бритни се извини ако навредила некого, но нагласи дека „секогаш ионака ја ставаат во задниот дел од авионот“.

Таа исто така откри дека била убедена дека службените лица на аеродромот ја пречекале како „поддршка“, бидејќи, како што вели, „се чувствувала посебно“.

„Стјуардесата ги повика службените лица затоа што запалив цигара!!! Ме засрами непотребно. Не ме сакаше од моментот кога се качив во авионот! Никој немаше во авионот првите 20 минути, а не ми дозволуваше да станам! Сакав да ги истегнам нозете, но ме натера да седнам. Се однесуваше чудно! Не ми се допадна ниту како ми го стави безбедносниот појас – беше како да го нарушува мојот личен простор!“

Заедно со својата објава, Бритни сподели и видео на кое држи шише алкохол додека седи во авион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Итно огласување на Ава Карабатиќ по вестите дека се фрлила од тераса: „Добра сум…“

Предраг Петровиќ

Го прашала ChatGPT за лек, го следела советот и починала: Родителите ја тужат компанијата OpenAI

Предраг Петровиќ

KORPA ПРВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА ВО МАКЕДОНИЈА КOJA ВОВЕДЕ ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ APPLE PAY И GOOGLE PAY

Предраг Петровиќ

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Рајан Гослинг го оживува рок-бендот по 17 години пауза