Веројатно малкумуна се тие што не се сеќаваат на популарниот филм „Г-дин и Г-ѓа Смит“ од 2005 година, кога се вљубија неговите главни ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит.
Во филмот, кој го следи заедничкиот живот на двајца платени убијци од конкуретнски компании, Џоли и Пит одлично ги одиграа своите улоги, па на многумина сега им е незамисливо на нивно место да биде некој друг.
Но, во конкуренција за улогата на Џејн Смит била и пејачката Гвен Стефани, која ова го обелодени во едно неодамнешното интервју.
– Јас речиси ја добив улогата и бев на аудиција со многу конкуренти. Иако тогаш сакав да запливам и во филмските води, повеќе сакав да се занимавам со музика, открива таа во интервјуто.
Но, на крајот 46-годишната пејачка ја засени 41-годишната Анџелина, која и ја доби улога, а филмот освен добрата заработувачка и овозможи да ја запознае љубовта на нејзиниот живот.
Во тоа време, Бред беше во брак со холивудската миленичка Џенифер Анистон, со кој се раздели уште истата година, поради што Џоли со години се соочуваше со обвиненија дека им го „уништила бракот“. Денес познатата двојка имаат шест деца.
Од друга страна, Гвен по 20 години љубов се раздели од рокерот Гејвин Росдејл, со кого има три деца. Во моментов е во среќна врска со пејачот Блејк Шелтон.