Гугл случајно го откри дизајнот на Пиксел 3

Од:

Гугл Пиксел 2 и Пиксел 2 XЛ и понатаму се меѓу најдобрите смартфони, кои можете да ги најдете денес на пазарот. Компанијата веќе работи напорно на новата трета генерација уреди, чија премиера се очекува на есен.

Програмерите забележаа во изворниот код на Андроид Пи присуство на нова функционалност која ќе можеме да ја користиме првпат во Гугл Пиксел 3. Излегува дека во менито „Settings“ и „Sounds“ веќе има нов таб со името „Shortcut to prevent ringing“.

Функцијата овозможува со истовремено притискање на „Power“ копчето и она за засилување на звукот да натерате сите дојдовни повици и известувања да вибрираат. Она што е интересно е насликаниот паметен телефон. Oд „Форбс“ забележуваат дека моделот нема рамки околу екранот, вклучувајќи и „нотч“ пресек на врвот, кој веќе се користи масовно од производителите. Целиот простор во предниот дел се зазема од екранот што ќе го претвори Гугл Пиксел 3 во првиот модел со сличен дизајн.

Ако Гугл открил како да ја искористи целата површина на предниот дел на екранот, ова го покренува прашањето каде е предната камера. Најлогично решение е да е вградена во самиот екран или да се активира на алтернативен начин. Овој дизајн веројатно значи дека двојните звучници ќе се наоѓаат во горните и долните рамки околу екранот. Гугл уште не ги потврдил овие информации, но користењето на оваа фотографија за да ги покажат претстојните функции на Андроид Пи, може да биде само на новиот Пиксел 3.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска