Компанијата „Гугл“ лансира нова апликација за допишување „Ало“, која е достапна за Андорид и иОС.
Апликацијата „Ало“ ги комбинира најдобрите работи од „Гугл“, а тоа се можности за брзо пребарување, кои сега се комбинирани со личен асистен, јави „Гардијан“.
На прв поглед, „Ало“ потсетува на други апликации за допишување како „Вибер“ и „Ватсап“. Корисниците се пријавуваат со нивните броеви на мобилен телефон, а потоа апликацијата скенира повеќе контакти во потрага за луѓето кои ја користат.
Покрај текстуалните пораки, корисниците можат да разменуваат звучни праки, фотографии и локации. Главна предност на оваа апликација е опцијата „Паметни одгооври“. Со неа бо текот на разговорот, апликацијата ќе нуди повеќе можни одговори на поставените прашања, како сугестија пред да почнете да одговарате.
„Гугл“ во оваа опција искомбинира и препознавање на фотографии,0 па „Ало“ ќе може да сугерира и одговори на слики.
Корисниците на „Ало“ ќе можат да ја користат и алатката „Гугл Асистент“, која и натаму е во раната фаза на развој, но се очекува да стане понапредена со тек на времето.