Гугл наскоро ќе почне да ги тестира корисниците на клиничка депресија

Од:

Илјадници Американци секојдневно на Гугл пребаруваат кои се симптомите на депресијата, како се лечи депресија и слично, што ја поттикна компанијата Гугл да воведе тестирање за клиничка депресија.

На сите кои во скора иднина на Гугл ќе напишат „депресија”, ќе им биде понуден прашалник преку кој ќе можат да дознаат дали се во депресија. Новата опција на Гугл прво ќе биде достапна во Америка, а потоа и во цел свет. По пишувањето на зборот „депресија” на врвот на Гугл ќе се појави опција „проверете дали сте клинички депресивни” со клинички валиден тест кој ќе се нарекува PHQ-9.

„Прашалникот не подразбира давање на медицинска оценка за психичката состојба, туку има намера корисниците да ги насочи да посетат лекар ако откријат симптоми на депресија” – објасни портпаролот на Гугл Сузан Гадреча.

Тестирањето на депресијата преку Гугл ќе биде целосно приватно.
„Резултатите на PHQ-9 тестот можат да помогнат на луѓето повеќе да се информираат за нивната состојба пред да разговараат со лекар. Луѓето кои имаат симптоми на депресија како што се анксиозност, несоница или замор, често чекаат од шест до осум години да почнат со лечење” – велат од Националната алијанса за ментални болести која го креираше прашалникот PHQ-9 во соработка со Гугл.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска