Интернет гигантот Гугл соопшти дека ја затвора својата социјална мрежа Оркут за да се концентрира на другите услуги што ги предлага и кои се многу попопуларни, како што се Гугл плус, ЈуТјуб и Блогер, пренесоа француските медиуми.
Конечното затворање на оваа прва социјална мрежа на Гугл, чиј почеток беше во 2004 година, ќе се случи на крајот на септември.
Аналитичарите забележуваат дека Оркут имала успех само во Бразил, но дури и таму во последните две години била засенета од Фејсбук.