Американската компанија Гугл ќе ја купи израелската компанија Вејз за 1,1 милијарда долари, која е специјализирана за бесплатна навигација на мобилните апарати.
Како што пренесува њујоршката агенција „Блумберг“, повикувајќи се на неименуван извор близок до преговорите, зделката би можела да стане официјална уште денеска.
Имајќи предвид дека потрошувачите се оддалечуваат од персоналните компјутери и се префрлаат на смартфоните и таблетите, компаниите како што се Фејсбук и Гугл настојуваат дополнително да се развиваат на мобилните платформи.
Апликацијата на Вејз ја користат повеќе од 40 милиони корисници, а таа овозможува многу подобра навигација низ сообраќајниот метеж.