Педесет и осмото издание на Греми наградите му припадна на најголемиот победник на овогодишното доделување, на раперот од Лос Анџелес Кендрик Ламар.
И пред почетокот на официјалниот дел на шоуто, Ламар доби четири награди и тоа за најдобра рап изведба, најдобра рап песна, најдобра рап/испеана соработка, а неговата соработка со Тејлор Свифт доби и грамафон за најдобар спот. Ајјс Кјуб и неговиот син ја доделуваа наградата во категоријата најдобар рап албум, која исто така му припадна на Кендрик.
Сепак, наградата за албум на годината не заврши во неговите раце, туку грамафонот го доби Тејлор Свифт. Таа ја доби и наградата за најдобар вокален поп-албум за „1989“.
За песна на годината е избрана „Thinking Out Loud“ на Ед Ширан, а за најдобар музички филм избран е „Ејми“, документарен филм за починатата Ејми Вајнхаус.
На доделувањето, Лејди Гага му оддаде почит на Дејвид Боуви, која испеа неколку од неговите најголеми хитови, а на „Let`s Dance“ на сцената и се придружи и Нил Роџерс, кој оваа песна и ја продуцирал.