Град во Херцеговина избран меѓу најдобрите места во светот за пензионерски живот

Од:

Германскиот портал Фокус го вклучи Требиње, град во југоисточна Херцеговина, на листата на најдобрите градови во светот за живот во пензионерските денови.

Оценувајќи повеќе параметри, порталот на повозрасните германски граѓани им го препорачува Требиње како втор најдобар избор, пренесуваат балканските медиуми.

Пријатна клима, карактеристичната архитектура во венецијански стил, здравата храна и пристапните цени, заедно со близината на Дубровник, кој е оддалечен само 33 километри, се меѓу факторите за високиот пласман на Требиње на листата на германскиот портал.

Германците посебно го истакнуваат фактот што во Требиње има католичка црква, православен манастир и џамија, што според нив ја истакнува историската важност на градот и толерантноста на неговото население.

Од можни 100 бодови во прецизната листа на параметри што ги користел порталот, Требиње има 80.8 бодови и го зазема второто место на листата, пред грузискиот град Батуми, на брегот на Црното Море, кој е на врвот на листата со 83.2 бода.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина