Готвачите препорачуваат: Никогаш не го чувате чоколадото во фрижидер

Од:

Кулинарскиот критичар и експерт за чоколадо, Лук Овен смета дека чоколадните производи никогаш не би требало да се чуваат во фрижидер.

Овен, кој инаку е сопственик на продавница за чоколади, вели дека таа секојдневна слатка намирница во фрижидерот „станува здодевна“ и „ги губи своите вкусови“.

Според него, чоколадото треба да се чува „на ладно, суво и темно место“. А, колку што ниските температури можат да влијаат на вкусот, толку и високите „влијаат на обликот“ на производот. Во таков случај, советот гласи – ставете го чоколадото во метална кутија, па тогаш во фрижидер.

Пред конзумирањето, треба да го оставиме неколку минути на собна температура.

Со тоа се согласуваат и експертите за безбедност на храната. Белинда Стјуарт Мунлајт го посочи примерот кога го вадиме чоколадото од фрижидер, моментната кондензација прави шеќерот да создаде „бела обвивка“, а вкусот на чоколадото е како да јадеме „остатоци од вчера“.

Нема сомнеж дека чоколадата се највкусни кога се јадат на собна температура, а како идеална се смета онаа меѓу 15 и 20 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски