Гордон Ремзи призна дека се исплашил од Владимир Путин

Од:

Споделувајќи ги своите готварски критики и совети, многумина би рекле дека Гордон Ремзи е личност која не се плаши од никого и ништо. Но, според сопствените кажувања, и тој има свои стравови… На пример – од Владимир Путин, кога Шкотот готвел за него.

– Искрено, се пос**в од страв. Имав само една работа на ум – „Што ако ги отрујам овие двајца? Замислете низ каков пекол би морал да поминам!“, се потсети Ремзи.

Ремзи готвел за Путин и за британскиот премиер Тони Блер во 2000 година во премиерската резиденција на „Даунинг стрит“, бр. 10.

– Отидов да ги поздравам и ме прашаа за англискиот аспарагус. Единственото нешто што ми паѓаше на ум беше – „Човек, бегај одовде! Готов сум!“… Очекував да има соодветна кујна на „Даунинг стрит“, но таму немаше ништо… Морав да ги носам моите тенџериња, раскажува готвачот.

По стресното искуство, Ремзи го дарувал својот хонорар за ручек во добротворни цели.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Гордон Ремзи доживеа несреќа, па ги покажа страшните повреди