Никола Коперник (1473-1543г.) е полски астроном, кој за прв пат ја поставува тезата дека Сонцето е центар на вселената, односно ја поставува Хелиоцентричната теорија. Во оваа теорија Сонцето е во центарот на соларниот систем, и поради тоа се нарекува основоположник на модерната астрономија. Повеќето луѓе во тоа време сметаа дека вселената е геоцентрична, односно дека Земјата е во центарот.
Роден е во Торун, Полска, на 19-ти февруари 1473-та година и потекнува од богато семејство. Денешното лого на Google е посветено токму на Коперник. Денеска се навршуваат 540 години од неговото раѓање.