Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар на МКЦ

Од:

Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар вечер во кино „Фросина“ ќе одржи годишен концерт под диригенство на Ванчо Јовчев. На програмата се дела на  Родриго, Хендл, Пјацола, Асламазјан, Моцарт, Огински и на домашните композитори Властимир Николовски,  Стојче Тошевски, Кирил Трајковски и Таки Хрисиќ.

Како солисти ќе настапат Ана Димовска на обоа, Николче Мицевски на хармоника и Благојче Трајковски на кларинет. Влезот за посетителите на концертот  е слободен.

Мандолинскиот оркестар е формиран во 1981 година како дел од музичката програма во некогашниот Дом на млади „25 Мај“, а сега Младински културен центар.

Во Мандолинскиот оркестар поминале голем број музичари-аматери, а денес тој има 30-ина млади членови. Членувањето во оркестарот е бесплатно, а приемот на нови членови трае во текот на целата година.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ