Од компанијата Гугл соопштуваат дека нивниот маил сервис Gmail од 13 февруари ќе почне да ги блокира пораките кои содржат JavaScript.
Причината за ова е се почестото користење на JavaScript од страна на хакерите за напаѓање на корисниците.
Со ова JavaScript се приклучува на датотеките со екстензии .exe, .bat и .msc за кои пристапот во Gmail е ограничен.
Блокадата нема да може да се заобиколи ни со ставање на датотеките во .zip. Доколку мора да испратите JavaScript датотека, тогаш Гугл препорачува да се користи „Гугл Драјв“