Американската гимнастичарка Симон Билс се најде на мета на сурови критики за фризурата што ја носеше на Олимписките игри во Париз. Таа реши да проговори и да одговори на оние кои се грижат за неа.
Иако изгледаше сосема нормално, многу гледачи и испратија негативни коментари.
„Не е учтиво вака да се појавиш на Олимпијада“, „Што се случи со твојата коса?“, „Дали се погледна во огледало пред да излезеш?“, „Изгледаш страшно“, се некои од нив.
Симон тогаш на Инстаграм напиша дека не ја напаѓаат поради косата затоа што таа била средена, туку дека собата не била климатизирана и дека имало „9.000 степени“.
„Ќе ве држам за рака додека ти го кажувам ова… Следниот пат кога ќе сакате да коментирате за фризурата на една Афроамериканка, едноставно немојте“, напишала и таа.
Ова не е првпат таа да одговара на ваков тип на критики. Во документарецот наречен „Simone Biles: Rising“, таа, меѓу другото, раскажа како луѓето си даваат премногу за право кога станува збор за коментирање на туѓиот изглед.