Турчинот Текин Шентурк, фан на аргентинската фудбалска ѕвезда Марадона, своите три синови ги крстил според неговото име, Диего, Армандо, Марадона.
Шентурк изјави дека од своето детство е голем симпатизер на аргентинскиот волшебник Марадона и дека ги гледал сите негови натпревари.
Триесет и деветгодишниот Шентур, кој пред седум месеци се досели во Турција, нагласи дека запознал многу фудбалски имиња додека живеел во Германија, но дека Марадона е посебен и неповторлив.
-На седумгодишниот син му го дадов името Диего Мухамет, на двегодишниот Армаган Армандо и на најмладиот кој има само 20 дена Алптекин Марадона – изјави Шентурк, додавајќи дека многу луѓе се изненадуваат кога ќе ги слушнат имињата на неговите деца, но тој никогаш не зажалил за тоа.
Елена Георгиевска