Гевгелискиот готвач Симјановски награден на меѓународен фестивал

Од:

Готвачот Александар Симјановски од гевгелискиот ресторан „Боко“ е добитник на титулата „мајстор готвач“ на меѓународниот фестивал кој се одржа викендов во хрватскиот приморски град Макарска.

Симјановски во конкуренција на 15 готвачи од шест земји, се закити со плакета и златен медал за извонредно знаење и вештина во категоријата за приготвување и декорирање на јадења.

– Редовно учествувам и на гастрономскиот меѓународен фестивал во Супетар, на островот Брач, но ова досега е мојот најголем дострел од настапите на меѓународните фестивали на кои упешно ја претставувам и мојата земја Македонија, за што сум особено горд и радосен, рече Симјановски.

Гевгелискиот ресторан „Боко“ како минатогодишен победник во категоријата „најдобри ресторани“, во хотелот Мирамар во Макарска организираше македонска вечер со презентација на најдобрите македонски кулинарски специјалитети.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава