Гест кој измами насмевки – го затворија ресторанот за гости, на сопственикот му се роди дете

Од:

Пред вратите на ресторанот „Калета“ во Стариград (Хрватска), туристите и минувачите беа пречекани од порака што измами насмевка на лицата на многу луѓе – и им ги промени плановите за вечера.

„Шефот штотуку доби бебе. Денес не работиме, само пиеме“, пишуваше на знакот на влезот во ресторанот.

Информациите се дека сопственикот на ресторанот и неговата партнерка добија девојче кое го крстија Мари.

Пресреќниот татко одлучи да го затвори ресторанот за гостите и да организира прослава за своето семејство и најблиските пријатели.

Иако не успеаја да вечераат, туристите што се најдоа пред ресторанот беа воодушевени, и можеа да се послужат со пијалак и да наздрават ако сакаат.

„Прославуваме раѓање на дете. Уживајте во бесплатни пијалаци“, пишуваше на знакот до масата каде што имаше чаши и пијалаци што можеа да се послужат.

Многумина ги фотографираа натписите и рекоа дека со задоволство ќе се вратат друг ден на ручек или вечера, само поради тој искрен, човечки гест.

Би можело да ве интересира

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба