Гените се виновни за вишокот килограми

Од:

Ако секогаш имате потреба за десерт, а често и за двојна порција, за тоа многу лесно би можеле да бидат виновни гените, објави „Дејли мејл“.

По спроведеното ново истражување научниците заклучиле дека милиони Британци имаат продолжување на ДНК, кое го спречува чуство на ситост и постојано имаат желба за слатка и мрсна храна.

ФТО генот кој го имаат повеќе од половина британски жители, откриен е неколку години порано, но иако научниците знаеле дека тој ген е одговорен за дебелеењето, до сега не беше познат начинот на кој функционира. Сега научниците открија како ФТО генот прави луѓето постојано да се гладни, а и тие сознанија би можеле да доведат до нови начини за борба против зависноста.

Шеснаесет отсто oд луѓе носат две копии на тој ген, а 70 проценти се склони да имаат проблеми со вишокот на килограми од луѓето кој го немаат тој ген. Според на научниците, тие луѓе дневно јадат и до 200 калории повеќе и имаат три килограми повеќе. За тие луѓето секоја диетата речиси е осудена на пропаст.

Дури 49 проценти од луѓето го наследиле ФТО генот и за 30 отсто е поголема веројатноста дека ќе бидат зависни од слатка и мрсна храна. Пептидниот хромон грелин обично е на поголемо ниво пред јадење, а потоа се намалува. Но, кај луѓето кои го носат „гладниот ген“, нивото останува релативно високо и по јадењето.

Покрај тоа што постојано имаат желба за храна, луѓето со ФТО генот исто така имаат зголемена желба за мрсна и слатка храна, покажува истражувањето објавено во „Списание за клинички истражувања“ (Journal of Clinical Investigation).

Раководителот на истражувањето д-р Рејчл Батерхам од Универзитетот во Лондон наведе дека некои луѓе едноставно се биолошки програмирани да јадат повеќе.

– Луѓето со зголемено ниво на грелин постојано чувствуваат глад, а тоа не може да се регулира со лекови. Но, нивото на грелин, како и гладот може да се намали со вежбање, како што е трчање и возење велосипед или пак со конзумирање храна богата со протеини.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он