„Гастро опскура“, интернет-страница која пишува за необични закуски од цел свет, во еден од своите последни написи, се фокусира на Скопје и она што е карактеристично за него – симит погача.
– Симит погачата е омилен појадок во Скопје. Пекарот отвора лепче, го полни со парче бурек и го служи како сендвич. Без месо, без сирење, без сос, само леб, се наведува во текстот.
Тоа и го разликува од бурекот кој обично содржи сирење, месо или зелје.
На крајот, порталот препорачува туристите едноставно да не го напуштаат Скопје без да пробаат симит погача.