Ресторанот „Ne Quittez Pas“, чие мени се заснова на француската кујна и морски плодови, во својата понуда внесе новитет – специјалитет што содржи земја.
Сопственикот и главниот готвач на овој токиски ресторан Тошио Танабе рече дека веќе осум години постепено ја воведува земјата како состојка на еден оброк.
– Се обидувам на сладокусците да им ја пренесам природата во целосната убавина. Земјата, водата и воздухот се дел од природата, и ништо од тоа не го измисли човекот. Ова е природна храна, објасни Танабе.
Оброкот од шест јадења со земја чини 80 евра. Направен е од намирници кои растат во земјата, или на тлото.
Содржи супа со земја, „калливи“ тартуфи, шербет со земја како и посебно изненадување на Тошио – топка од компир прелиена со сос од земја, во чие средиште се наоѓа полнење од тартуфи.
– Секоја зрнце земја што го користиме, внимателно го вариме и потоа го просејуваме, за да не им биде устата на клиентите полна со песок, појасни Тошио.