Фотографирањето на храната помага при слабеење

Од:

Експертите за проблемите со исхраната веќе некое време советуваат водење на дневник на исхрана, во кој ќе забележувате се што ќе изедете во еден ден.

Сега мобилната апликација тоа го направи полесно. Ваше е само да ја фотографирате храната, а апликацијата за пресметување на калории ви помага да знаете што се сте внеле.

Дневникот на исхраната е корисен за да се следи дневното внесување на храна, но на многу луѓе им е заморно да запишуваат се што јадат.

Тој проблем го реши мобилната апликација „Lose it!” која воведе нова функција „Snap it!”. Функцијата ви овозможува да го фотографирате тоа што го јадете, а потоа таа ја пресметува нутритивната вредност на калориите.

Апликацијата не може да препознае детали, на пример дали оброкот кој го готвите е со растително или маслиново масло или дали оризот е бел или темен, па така деталите мора да ги внесувате рачно.

Досегашните истражувања покажаа дека обично мислиме дека јадеме помалку отколку што навистина јадеме. Апликацијата е корисна и затоа што ни помага да имаме поточен приказ на дневното внесување на храната.

Истражувањето на американскиот Национален институт за здравје утврди дека речиси 73 отсто луѓе кои ја користеле апликацијата постигнале клинички значајно губење на тежината.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он