10 фотографии кои го имаат непроценливиот моменти од секојдневието фатени на камера.
1. Катапултуриња во последен миг
Пилотот се катапултира во само неколку мига пред да му се сруши авионот и се распаѓа на парчиња во застражувачка експлозија. Инцидентот се случил во Алберта во Канада.
2. Граната како огномет
Воените вежби во Јужна Кореа звучат морничаво во времето кога целиот свет говори за можната војна помеѓу Северот и Југот, но оваа фотографија на експлозијата на гранатата за време на вежба во Сеул го одзема здивот.
3. Шест удари на грмотевици истовремено
Молњите и громовите секогаш се интересни за фотографирање, но миговите слични на овој кога удираат шест грмотевици на езерото Мичиген не се гледаат секој ден.
4. Олимписка Месечина
Месечината се крева над Олимписките игри во Лондон точно во истиот миг за да се вклопи во познатите олимписки кругови, создавајќи триаголник што наликува на топчиња сладолед.
5. Виножито на крајот на патот
Како во филм: Виножитото на крајот на патот во американските пустини потсетува на некои филмови на Вим Вендерс, но настанала благодарение на фактот што во тој миг таму се нашол фоторепортерот на Ројтерс.
6. Одење над Нијагара
Од ова се смрзнува крвта во вените: Акробатот и авантурист Ник Валенда од прочуеното американско семејство Валенда ги преминува водопадите на Нијагара на јаже.
7. Поплавен тобоган во Њу Џерси
Некогашното место на највозбудливата забава станува морничав симбол на разорната моќ на природата: Тобоганот од луна паркот во Сисајд Хајтс во Њу Џерси бил поплавен по налетот на ураганот Сенди.
8. Очи од сапуница
Се сеќавате на меурчињата од сапуница во младоста? Веројатно и вам ви се случило понекогаш да се наместите на некое занимливо место, но не сте успеале тоа да го фотографирате како оваа корисничка на мрежата „reddit.com“.
9. Гужва во сообраќајот
Сообраќајот во Жеѓијанг во Кина морал да биде попречен за да поминат повеќе од 500 патки.
10. Фрли коска!
Сноубопрдерот Тајлер Чорлтон му фрлил коска на колегата каква што ретко се гледа!