Неверојатна фотографија на ајкула која лови во океан на Бахамите му овозможи на британскиот нуркач Тери Стили (46) да победи на глобалното подводно фотогрфско натрпеварување.
Пред само три години Тери Стили првпат зел фото-апарат во рацете, но судиите на конкурсот на сајтот „Underwaterphotography.com“ сеедно му ја доделија првата награда.
Повеќе од шест илјади фотографии учествуваа во натпреварувањето, во кое имаше 17 категории, вклучувајќи фотографии над вода, фотографии со ајкули, па дури и подводни со модели.