ФОТО: Венеса Вилијамс – убавина која трае

Од:

Кога на 18 март 1963 година се роди малата Ванеса Лун Вилијамс, во објавувањето за нејзиното раѓање наводно пишувало „еве ја идната Мис на Америка“ и 21 година подоцна ова „предвидување“ се покажа како точно.

Убавата актерка, која и денес на 53 години, изгледа фантастично, во 1984 година стана првата Афроамериканка која ја понесе круната на Мис на Америка. За жал, нејзинот успех падна во сенка на скандалот со списанието „Пентхаус“, кое објави нејзини разголи фотографии, поради што пред крајат на своето „владеење“ Ванеса мораше круната да и ја предаде на првата придружничка.

Ванеса Вилијамс 2

Сепак, тоа не ја спречи да стане успешна актерка, а се обидуваше и во музичките води. Нејзинте родители биле музичари, па никого не изненади кога во 1988 година Ванеса го објави нејзиниот прв албум „The Right Stuff“, а веројатно нејзин најголем хит беше „Colours of the wind “ од познатиот цртан филм „Покахонтас“.

На малите екрани публиката имаше можност да ја гелда во цела низа улоги: играше во улогите на Вилхелмина Слејтерво „Грдата Бети“, Рене Пери во „Очајни домаќинки“…

Ванеса Вилијамс 3

Во приватниот живот таа е мајка на четири деца.

Вилијамс години подоцна стана судија на изборот за Мис на Америка, а тоагаш организаторите официјално се исзвинија поради непријатностите кои таа ги доживеа како мисица.

Ванеса Вилијамс 4

 

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска