Сите јунаци од цртаните филмови на „Дизни“ ги паметиме како романтични, авантуристи, храбри, чесни, праведни, полни со надеж, вера и, пред се, љубов.
Мексиканскиот уметник Родолфо Лоиаза, посвети цела своја серија од неговите дела на поп – културата, познатите личности и хорор филмовите.
Во последниот негов проект тој се „справува“ токму со јунаците од цртаните филмови. Со неговата смисла за црн хумор, тој покажува дека Снежана, Пепелашка, Мики Маус, Мулан и останатаите доколку би живееле во денешно време, нема да имаат таков среќен крај како порано.