На познатата нудистичка плажа во градот Вера во Шпанија е урнат еден интересен светски рекорд.
Станува збор, за нов Гинисов рекорд на голи капачи на едно место. Новиот рекорд беше поситгнат откако на оваа плажа во исто време се капеа 729 нудисти.
Досегашниот рекорд го држеа 413 нудисти, кои во 2011 година заедно се капеа во Велс. Минатата година на Нов Зеланд се собраа 506 нудисти, но тоа остварување не е регистрирано како рекордот, затоа што капачите биле поделени на две плажи.
Градоначалникот на Вера, Хозе Кармело Хорхе изјави дека е задоволен со одѕивот и дека ова масовно „голо капење“ било „фантастично успешно“.
Парите собрани за време на ова случување ќе биде дониран во добротворни цели.