ФОТО: Со маски од омилените ликови децата од Општина Илинден го одбележаа Денот на шегата

Од:

Маскирани во разнобојни маски, пред се на ликовите од омилените цртани филмови, учениците од основните училишта и дечињата од градинката „Гоце Делчев“ од Општина Илинден го одбележаа денот на шегата 1-ви Април.

Традиционалната 8-ма по ред Априлијада со песни, игри и многу шеги се одбележа најпрво во основните училишта во Општината, како и во детската градинка, а потоа сите заедно дефилираа во спортската сала „Гоце Делчев“, каде што се случи големата првоаприлска забава.

Дечињата го искористија Денот на шегата барем еден ден да станат нивниот омилен лик од приказните и цртаните филмови. И оваа година за најубавите, најкреативните и најзабавните маски следуваа пригодни награди.

aprilili (6)

aprilili (5)

aprilili (4)

aprilili (3)

aprilili (2)

Би можело да ве интересира

Априлијада во Дебар и Ростуше

Ана Ололовска

Априлијада „Скопје се смее“

Наум Локоски

„Скопје се смее“ – априлијада на плоштад „Македонија“

Ана Ололовска

Априлијада „Скопје се смее“

Наум Локоски

„Априлијада 2017“ во Гевгелија

Ана Ололовска

Традиционална „Априлијада“ во Велес

Ана Ололовска