Фотошоп не служи само за разубавување на славните, туку и за „разубавување“ на спомените.
Имено, во вторникот корисничката „КриејтивЛејди“, графичка дизајнерка, на Редит објавила фотографија и монтажа, за која неодамна добила нарачка од една огорчена мајка која сакала да ја изфрли од фотографијата бившата жена на нејзиниот син. Мајката ја испратила нарачката бидејќи фамилијата не можела повторно да се фотографира во истиот состав и амбиент, бидејќи еден член од сликата починал, пренесува „Хафингтон пост“.
„КриејтивЛејди“ одлучила наместо снаата на фотографијата да стави шише пиво.
Јасна Атанасова