ФОТО: Нудистичко готвење на веганска храна

Од:

Кога Џес, Грета и Зак се вселија заедно, тие одлучија да разголат нешто повеќе меѓусебе, барем во кујната, известува весникот „Хафингтон Пост“.

Џес и Грета веднаш започнаа да се натпреваруваат во готвењето, секојдневно обидувајќи се да се надминат со креативни рецепти. Зак, единствено сакаше да се шета гол.

Тројцата студенти од Манчестер, Англија, решија да го создадат порталот „нејкедвиганкукинг“, каде цимерите заедно со други пријатели споделуваат вегански рецепти кои ги подготвуваат голи.

Сфативме дека ако го правиме тоа голи, ќе создадеме платформа за разговор на многу различни теми за кои се интересираме, објаснува Џес преку меил за весникот.

Тие теми вклучуваат интерес за сликата за телото, феминизам, и како медиумите ги портретираат. Триото имаше и изложби и завршува антологија од текстови за сликата за телото.

„Во минатото имав проблеми со изгледот на своето тело и со исхраната. Ова беше закрепнувачки процес за мене. Луѓето се дневно заситувани со нереални слики за како телата „треба“ да изгледаат преку магазини, реклами, и медиумите. Покажувајќи несредени фотографии на интернет и создавајќи простор за разговор на овие теми е многу важно“ вели Џес.

Цимерите не секогаш готват голи, бидејќи е ладно во Манчестер.

Ние сме сиромашни студенти. Па затоа не можеме да си дозволиме често да биде уклучено греењето, објаснува Џес.

Има доста луѓе на интернет кои не ги сакаат нивните фотографии накои цимерите ги покриваат своите полови органи со чинијата со храна.

Половина од времето не нарекуваат „дебели“, а другата половина вели дека ако навистина се грижевме за позитивната слика за телото ќе имаме поголеми луѓе на страната, вели Џес.

Таа додава дека бргу научиле дека прекривките за готвење не се непријатели, посебно при нудистичко готвење со врело масло.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава