Создадена во 19 век од Џон Пембертон, наменета да биде лек, но многу брзо нејзиниот рецепт бил откупен од бизнисменот Аса Григс Кендлер. Со помош на маркетинг тактики станала доминантен безалкохолен пијалок на пазарот насекаде низ светот.
Конкуренцијата често се обидува да ја надмине, или барем да ја стигне нејзината популарност, но и во 21 век, „Кока- кола“ се уште е број еден. За неа постои и специјален музеј во кој се чуваат примероци од почетокот до денес.