Со надеж дека ќе заштеди некоја паричка за паркирање цела ноќ на паркинг место на кое јасно стоело дека не е во употреба, заврши висејќи на 2,5 метри висока рампа.
Вработените од повеќекатната гаража во Гуангзу, провинција Гуангдонг дури утрото го забележале вака напуштеното возило.
Кога при проверката бил идентитетот на несовесниот возач, тој засрамен ја пратил сопругата да го земе возилото.
Менаџерот на катната гаража од разговорот со сопругата, дознал дека возачот помисилил дека рампата е излез, но застанал токму пред да падне со возилото.
Сега наместо да плати вообичаена цена за паркирање во таа гаража, на негова сметка ќе биде наплатено паркирање за три дена и за изнамување на кран со кој го спуштиле долу возилото.