Календарите на „Пирели“ со години беа познати по гламурозните разголеми манекенки и актерки.
Најновото изадние на култниот календар и натаму соддржи фотографии на 12 жени, но со таа разлика што тие се снимени од сосема друг агол – од агол на феминизмот.
Како што јави лондонски „Телеграф“, календарот на „Пирели“ за 2016 гоидна ги слави „успешните жени“, па така убавиците им отстапија место на влијателните активистки, спортистки и уметнички.
Целта е да му се даде предност на талентот пред изгледот, да се прикаже целата лепеза на занимања, години, телесна тежина и етничка припадност.
Во календарот, кој го сними славната американска фотографка Ени Либовиц, меѓу другите се појавуваат и Јоко Оно, Пети Смит и Серена Вилијамс.
Сите 12 жени, кои се најдоа на календарот, меѓу кои се и руската манекенка Наталија Водњанова, која е основач на добротворната фондација „Голи срца“ и Јао Чен, прва Кинеска именувана за амбасадор на добрата волја на УНХЦР, се избрани поради нивниот придонес за „промени на светот кон подобро“.