Деновиве Скопје дише во ритамот на уличната уметност, култура и театар под отворено небо.
Иако фестивалот БАСКЕРФЕСТ во Скопје се уште официјално не е започнат, баскер изведувачите секојдневно ги забавуваат скопјани во Пивница „Стар Град“ во Стара Скопска Чаршија, но и во центарот на градот односно на централните плоштади.
Во Скопската Чаршија од рано наутро па до доцна во ноќта постојано има спонтани перформанси кои го привлекуваат вниманието на сите посетители на пивницата, но и на случајните минувачи.
Едни од најатрактивните изведувачи се екипата на Golden Brunch од Србија кои жонглираат со оган, одат на штули и прават одлично визуелно шоу за сите гости на Пивница „Стар Град“. Марко, Сашка, Немања и Кристијан се дечките кои ги воодушевуваат сите намерни и ненамерни гости во чаршијата.
Покрај нив меѓу најатрактивните изведувачи се и Романците од составот Barbarossa Samba Group, кои со своите удирачки инструменти ги креваат на нозе и оние најмрзеливите.
Многумина од посетителите коментираат дека за својата свадба би ги викнале токму овие енергични момци и девојки наместо некој турбо фолк бенд.
Доколку сакате да ја почуствувате магијата на БАСКЕРФЕСТ и пред официјалниот старт на 06 јуни 2014, ваше е само да ја посетите пивницата „Стар Град“ во Чаршија и заедно со ладното пиво да добиете бесплатен музички и визуелен перформанс од над 100 артисти од целиот свет.