Норма Вилијамс е родена во Велика Британија, а веќе со години живее во Италија, што може да се забележи и по нејзиниот одличен моден стил.
Сепак тоа што најмногу привлекува внимание е нејзиниот одличен изглед, особено што Норма веќе е влезена во осмата деценија од животот.
За нејзиниот изглед најодговорни се гените, но и посветеноста кон вежбањето и здравата храна. Од својата 20 година таа секој ден вежба, секоја вечер пие една чаша црно вино, а понекогаш си дозволува и вечера, открива Норма.