Турската актерка Мерјем Узерли, позната од серијата „Величествениот“ во која ја толкува улогата на Хурем е бремена.
Новинарката Ајша Арман на својот Твитер профил објавила фотографии со Хурем и напишала дека во саботата поминала 24 часа во Берлин со Мерјем и дознала дека актерката очекува дете.
– Дознав неверојатни работи, станува збор за многу посериозни работи отколку што претпоставувавме. Најмногу ме шокираше тоа што открив дека Мерјем е бремена. Четврти месец. Во исто време е среќна, но и вознемирена. Се обидува да остане силна. Се подготвува да биде самохрана мајка – објавила новинарката.