На плоштадот на Републиката во Белград на 24 октомври годинава беа фотографирани двајца млади како се бањаат во фонтаната.
Белграѓанка која поминувала се зачудила.
-Беше околу 3 часот наутро. Надвор беше околу 10 степени. Налетав на двајца непознати луѓе кои среде плоштадот почнаа да се соблекуваат и влегоа во фонтаната и почнаа да се бањаат, изјави авторката на фотографијата.
Двајцата млади не грижејќи се дали има некој во околината, весело се бањаа на студот!, вели фрапираната жена.